речник контакт

Почина Јордан Васков (1942- 2009)

Со три свирежи од ракометното свирче, кои означуваат крај на ракометниот натпревар, на гробиштата во црквата Св.Пантелејмон, беше испратен на вечно почивање велешанецот Јордан Васков.

Петар Печков

Со три свирежи од ракометното свирче, кои означуваат крај на ракометниот натпревар, на гробиштата во црквата Св.Пантелејмон, беше испратен на вечно почивање велешанецот Јордан Васков.

Тој беше голем хуманист, ракометар, човек што ретко се среќава на нашето поднебје. Тој преку неговата хуманитарна  органивација „Хупомак“ со седиште во Германија помагаше со техничка помош на многу македонски и пред се велешки фирми и здруженија. Јордан Васков беше и ракометар член на Борец во неговите најуспешни години. Не го напушти спортот по пензионирањето и беше домаќин на македонската женска репрезентација на Светското првенство во Германија 1997-ма година, кога го забележавме најдобриот пласман на една македонска селекција 7-ма во светот.

Меѓу бројните желби кои постојано ги истакнуваше беше дека Велес заслужува ракометан супер лигаш со европски амбиции и името на велешката Болница да го носи по неговиот дедо Панче Васков.

\"\"

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »