речник контакт

Почина Дампе

Велешката театарска сцена остана без еден од своите гордости, Ѓорги Бисерков Дампе (1941-2017)

Петар Печков

Денес во родниот Велес во 76-тата година  од животот,  почина Ѓорѓи Бисерово Дампе.   Судбината  сакаше последните денови од животот да ги мине токму во  родниот  град.  На  средбата пред мајот, рече дека е дојден да го мине едниот од 12-та месеци во годината во својот Велес, во пролет кога бил најубав.   Останатите 11  месеци, последните години ги живееше во Љубљана Словенија.  Се пожали дека не забележува насмевка кај своите сограѓани и заминa во кафеаната на  Мешката ,да го испие своето кафе.   

Освен што беше актер тој знаеше да има и свои оперски настапи со прекрасниот глас.  Сега од се` останаа само спомените. Почивај во мир, судбината сакаше  токму во својот Велес да го завршиш животот. 

Ѓорги Бисерков Дампе  роден е во 1941 година во Велес. Од 1960-1964 година вработен е како член на ансамблот на Народниот Театар „Јордан Хаџи Константинов -Џинот“во Велес. А од 1975 во истиот е ангажиран како постојан надворешен соработник.

Негови позначјани актерски остварувања на театарската сцена се Мирко во „Кула вавилонска“, Мане во „Зона Замфирова“, Љубомир во „Покојник“, Луков во „Црнила“, Теодос во „Чорбаџи Теодос“, Војводата во „Суд“, Кандилов во „Кукавичино јајце“, Жика во „Сомнително лице“, Кајгана во „Женидба“, Зганарел во „Дон Жуан“, Астров во „Вујко Вања“, Гласникот во „Антигона“, Осип во „Ревизор“, Гласникот во „Ифигенеја во Авлида“, Корифејот во „Бакхи“, Гегата во „Сердарот“, Трговецот во „Филоктет“, Полковникот во „На полковникот нема кој да му пишува“, Клопен Тројфу во „Ѕвонарот на богородичната црква“ и Гласникот во „Орест“.

Бисерков играше и во македонски филмови како „Среќна Нова 49-та“, „Јазол„, „Хај фај“, „Викенд на мртовци“, „Тетовирање“, „Македонска сага“ и „Големата вода“. Погребот ќе се одржи утре на Црквата „Свети Спас“ во Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »