Петар Печков
Објавено: вторник, 20 октомври 2020
Денес околу 13ч. на Инфективното одделение од Велешката Болница починала пациентка, информираше д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.
Таа била позитивна на ковид-19 и е 18-та жртва на корона вирусот од велешко.
Жената била хоспитализирана во Болницата од четвртокот, примена на Интерно одделение па подоцна префрлена на Инфективно.
Почината била на возраст од 62 години.
Tweet |