речник контакт

Почина велешанка на 65 годишна возраст, од последици на заразата со ковид-19

Таа е 30-та жртва од последиците на заразата од корона вирусот

Петар Печков

Почина велешанка на 65 годишна возраст, како последица  од заразата на ковид-19. Таа се лекувала на  Инфективната клиника во Скопје, објави Министерството за здравство. 

Претходно на 6-то октомври била приемна на Интерното одделение во велешката Болница, од каде по два дена поради влошување на состојбата е тестирана, била позитивна на ковид-19, префрлена на Инфективно одделение и на 8-ми октомври попладнето  е итно транспортирана за Клиниката за Инфективни болести во Скопје. 

Таа е 30-та жртва од последиците на заразата од  корона вирусот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »