Петар Печков
Објавено: сабота, 26 јануари 2013
Во 93-ата година од животот почина протојереј ставрофот Бошко Кипровски најстариот свештеник во Велес. Дедо Бошко, како што народски го познаваат луѓето, беше најстариот свештеник во Велес. Тој со својата свештенослужителска дејност е присутен во сите моменти од формирањето на Македонската православна црква и црковниот живот во Македонија.
Тоа што е роден на Божик, можеби судбински му ја нематнала свештеничко-пастирската дејност во неговиот живот, а тој пак со радост ја прифатил таквата определба и низ целиот свој живот, како вистински Христов ученик ја проповедал, ја ширел и ја заштитувал христијанската православна вера. Протоереј-ставрофор Бошко Кипровски е роден во село Буково, на 7 јануари 1920 година, на денот на Рождеството Христово - Божик.
Основното и средното образование го завршил во Битола, а со високо образование се стекнал на Педагошката академија во Скопје на отсекот ликовна група па затоа и во неговата свештеничка дејност уметноста има посебно место. Работел иконографија, мозаици и рељефи. Има нацртано околу 200 икони и скоро сите ги има подарено на луѓе и на цркви.
Последно негово дело е големиот мозаичен крст од три метри, кој го изработи заедно со својот син Петре и го подари на Согленскиот манастир „Рождество на Пресвета Богородица“. Дедо Бошко службувала и во САД а бил и делегат на Третиот црковно-народен собор по донесувањето на одлуката за возобновување на Охридаската архиепископија 1958 година во Охрид, а со одлука на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква, протоереј Бошко Кипровски од Велес е одликуван со највисокото црковно признание „Граден крст“.
Останува забележано дека тој прв јавно се спротивстави по одлуката на екс Владиката Јован за припојување на тогаш Велешката епархија кон СПЦ. И додека велешките свештеници ја поддржуваа, МПЦ молчеше ,дедо Бошко тогаш прв излезе и изјави:
- Седумдесет години не успеаја да не претопат и да не асимилираат. Сега со еден потег се се растура и се брише историјата. Дали оние кои во 1958 година прогласија автономија, а во 1967 ја обновија Црквата, не беа зрели и мудри кога го направија тој историски чекор- праша Кипровски.
Tweet |