речник контакт

Починат пациент на 44 годишна возраст од последиците на корона вирусот, оздравени се 44 пациенти

Во велешка Болница вкупно се хоспитализирани 76 пациенти

Петар Печков

Во велешко денес има 44 оздравени и шест ново заразени лица со ковид-19. Ова се податоците од Министерството за здравство. Така активни се 650 а досега се заразиле вкупно 4.379 граѓани.  

Починат e еден пациент нa 44 годишна возраст, позитивен од Велес лекуван на инфективно одделение два  дена. Испишани се четворица  пациенти како оздравени со по еден  негативен тест.  На кислородна поддршка се 32 пациенти - соопшти д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес. По ова бројката на лица од велешко починати од последиците на ковид заразата е 134 лица.


Во велешка Болница вкупно се хоспитализирани 76 пациенти,  од кои 58 се потврдени позитивни, десет се  сомнителни  и осум, пациент со негативен брис но задржан на болничко лекување. На  Инфективно одделение се  52 пациенти,на Интерно 12 и во Модуларна болница  исто така 12.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »