речник контакт

Починат пациент на 54 годишна возраст, 12 нови случаи со ковид-19, шест оздравени

Во велешко има 252 активни случаи, хоспитализирани во велешка Болница се 36 пациенти

Петар Печков

Нови 12 случаи на заразени со ковид-19 во велешко, како и шест  оздравени. Ова е билансот со корона вирусот, објавен од страна на Министерството за здравство а податоците се однесуваат за денес, петок. 

Во Болница во Скопје е починато лице од Велес,  на 54 годишна возраст. Бројката на починати лица од велешко, како последица на ковид заразата е 106.   Во велешко има 252 активни случаи а досега се заразиле 3.167 лица.

Хоспитализирани  во велешка Болница се 36 пациенти, на  Инфективно одделение  29и на Интерно седум. Од  лежечките пациенти  25 се потврдени позитивни, четворица се  сомнителни и еседум  пациент со негативен брис но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се осум  пациенти. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »