речник контакт

Почината пациентка со ковид пневмонија, која била згрижена во велешка Болница

На Инфективно одделение се пет пациенти а на Интерно четворица.

Петар Печков

Почината пациентка во велешка Болница, жена на возраст од 75 години,која имала ковид пневмонија, соопштија од велешка Болница.  Во двете ковид одделенија од велешка Болница згрижени се девет лица.  Испишани се три лица, еден е  ново примен.

„Потврдено позитивни  и непотврден  нема  а деветмина  се негативни, но со потреба од болничко лекување. На кислородна поддршка е еден пациент“- кажа д-р Елена Левкова Ќулумова.

На Инфективно одделение се пет пациенти а на Интерно четворица.

Еден ново заразен со ковид-19 и петмина оздравени пациенти во велешко. Ова се податоци за изминатите 24 часа, кои ги објави Министерството за здравство. Активни се 13 случаи во велешко.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »