Петар Печков
Објавено: сабота, 22 јануари 2022
Изминатите 24 часа во велешко има регистрирано 72 нови случаи на лица позитивни на ковид-19 а оздравени се 41. Ова се податоци кои ги објави Министерството за здравство. Во велешко активни се 392 случаи со ковид-19.
Во велешка Болница починаа двајца пациенти жители на село Мелница. Со ова бројот на починати во велешко од последиците на корона вирусот достигна до 288 лица.
„Жена на 86 години почната е три часа по приемот и маж на 63 годишна возраст, починат шест часа по приемот“- изјави д-р Eлена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.
Бројот на хоспитализирани во двете одделенија од велешка Болница е 50 пациенти, пет повеќе од вчера. Ново примени се 11 пациенти а еден е префрлен од Интерно одделение,
„Од згрижените пациенти, 38 се позитивни, непотврдени се шестмина, негативни се петмина. На кислородна поддршка се 22 пациенти. Едне пациентка на 57 години е префрлена на ковид центарот од Институтот за белодробни болести“ - кажа д-р Eлена Левкова Ќулумова.
На Инфективно одделение згрижени се 46 а капацитетот е 54 кревети а на Интерно одделение се четворица пациенти.
Tweet |