речник контакт

Починати се двајца пациенти позитивни на ковид-19 од Велес, ново регистрирани е 31 случај

Последната седмица починаа седум лица од Велес, позитивни на корона вирусот

Петар Печков

Изминатите 24 часа во велешка Болница починати се две лица, позитивни на квоид-19, и двете биле  од Велес, маж на 71 годишна возраст лекуван 15 дена и жена на 66 годишна возраст лекувана еден ден.  И двајцата пациенти биле лекувани  исто во Модуларната болница. Со ова бројката на почината  од велешко, од последиците на ковид заразата достигна 207 лица. Последната седмица починати се седум лица, позитивни на корона вирусот а згрижени во велешка Болница.

Во велешко изминатите 24 часа има 31 нов случај на позитивен со ковид-19, оздравени се 22 пациенти, соопштија од Министерството за здравство. Или во велешко активни се 320 случаи на лица со корона вирусот.

Вкупно се хоспитализирани 59,  од кои  43 се потврдени позитивни, седум се сомнителни  и девет пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 28 пациенти. Испишани се четворица  пациенти како оздравени со по еден негативен тест. На Инфективно  одделение згрижени се 30, на Интерно десет и во  Модуларна болница 19.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »