речник контакт

Починати четворица пациенти позитивни на ковид-19

Бројката на пациенти кои подлегнаа на последиците од ковид-19 во велешко е 147 лица

Петар Печков

Во текот на изминатите 24 часа, починале четворица пациенти хоспитализирани во велешка Болница.


Починат е маж на 65 годишна  возраст од Велес лекуван три дена, маж на 73 години  од село Раштани  лекуван седум  дена, и двајцата  хоспитализирани во Модуларната болница. Почината е жена на 85 години   од село Мамутчево  и жена на 64 годишна возраст од Свети Николе, двете  лекувани на Инфективно одделение .Сите четири лица се  позитивни на ковид-19 -кажа д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес. 

Со овие починати лица, бројката на пациенти кои подлегнаа на последиците од ковид-19 во велешко е 147.

Вчера попладнето транспортиран е  за Скопје, маж на 61годишна возраст, позитивен на ковид-19 во Приватна  Болница  Жан Митрев.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »