речник контакт

Почит за Џинот

Одбележани 131 година од смртта на Џинот

Петар Печков

Општина Велес, Народниот театар и Основното училиште кои го носат неговото име, му оддадоа почит на Јордан Хаџи-Константинов Џинот, основоположникот на македонскиот театар по повод 131-годишнината од неговата смрт. На неговиот гроб во црквата „Св. Спас“ во Велес од страна на свештенството на Повардарската епархија беше отслужена панихида во негов спомен

Тој е прв преродбеник во Македонија будејки  ги будел народносните т.е. славјанските чувства кај  народот ,со што започнала  славјанска преродба . Како патриот, Џинот по завршувањето на образованието-(келијни школи во Велес,Самоков и Солун, а престојот во Солун го искористил да го совлада грчкиот јазик и новиот школски метод) се вратил во родниот град  со стекнато образование на два јазика и во две културни средини:.едното било световно и ќелијно во Велес, а другото грчко и световно во Солун и некои острови во Егејското Море, и почнал да ги учи децата во својата куќа во маалото Прцорек применувајки ја во наставата познатата ЛАНКАСТЕРСКА МЕТОДА.

        Така, Велес со негова заслуга станал прв град во Македонија во кој започнала македонската преродба на славјанска основа. Соединувајки ги овие две активности во една девиза*славјанско осознавање преку општонародна просвета* тој  уште во првите денови на своето учителствување ја навлекол на себе омразата на грчките владици кои сакале да ја спречат неговата дејност со цел да му го наметнат на нашиот народ  грчкото духовно ропство—преку воведување на грчки црковни училишта.

    Но, Велешките трговци биле толку економски силни и  влијателни кај Турските првенци во градот, што не дозволиле во Велес грцизмот да успее.Во првата половина на 19век тие први во Македонија вовеле бесплатно школување на учениците и општинските славјански учители.Затоа и не е чудо што во Велес се родил првиот наш преродбеник Јордан Хаџи Контантинов Џинот.

  Задоен со славјанско чувство во славјански Велес тој останал со славјански сознанија до крајот на својот живот, а грчката наука му послужила како средсво за добивње научни и идејни сознанија , а и  прифаќање на новата метода во основното образование –Ланкастерова. Оваа метода ја пренел и во Скопје ,кога како општински   учител работел
во училиштето при црквата Св.Богородица. Во Скопје се прославил и со своите дописи до редакциите на весниците: Цариградски весник и Македонија.

  И во Скопје и во Велес доживеал многу непријатности од грчките владици и македонските предавници.А тие непријатности биле многубројни. Да ги спомнеме само првите три прогонства од Велес што му ги приредиле велешките грчки владици: Игнати, Теоклит и Авксентиј Болгарин. Да го споменеме и тоа дека ,клеветен  од битолскиот валија и велешкиот владика  пред  великиот везир како руски и српски шпион,бил уапсен и протеран во прогонство  во градовите  Ајдин , Ѓузел и Хисар во Мала Азија. На патот до определеното место на прогонот Џинот поминал низ тешки искушенија, физички и душевни маки, при што еден од заптиите со камшик му го извадил десното око .

Џинот не се занимавал ниту со политика ниту со револуционерна дејност, туку со културно – просветна и словеносоздавачка.  Како истакнат културен работник за потребите на училиштата во Македонија ја превел и делумно ја преработил Достоевската Ижица, а го подготвил и првиот буквар за нашите училишта наречен Таблица перваја.Развива голема публицистичка дејност печатејки ги своите статии  претежно во Белград и Цариград. Има напишано интересни описи на некои градови и манастири во Македонија кои се драгоцени документи за историографијата. Собирал народни песни ,јазичен материјал и со посебен интерес се занимавал со филолошки прашања.

     Покрај интерес за историја, фолклор,филозофија Џинот покажувал интерес и за литературно творештво

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »