речник контакт

Почна реконструкцијата на патот Велес - Катланово

Предвидена е замена на асфалтот, поставување на нови банкини и заштитници, мрежа за заштита од одрони, нова хоризонтална и вертикална сигнализација. Таа треба да трае една година и е во должина од 23,4 км

Петар Печков

Почна реконструкцијата и на делницата Велес-Катланово од автопатот „Александар Македонски“ во должина од 23,5 километри, инвестиција вредна 5,7 милиони евра. Премиерот Никола Груевски кистакна дека оваа делница е една од најупотребуваните и најфреквентните во земјата.

„Долгогодишното користење и големиот број поправки во минатото имаат оставено бројни лузни на патот и лоша слика за земјата“, рече Груевски.

Работите треба да завршат за една година, а самиот зафат ќе овозможи зголемување на безбедноста во сообраќајот, намалување на оштетувањата на возилата, намалување на времето на патување, а тоа ќе престставува и плус за Коридорот 10 кој поминува низ нашата земја.

На Коридорот 10 во изминативе години во рамки на владините проекти се изградени делницата Табановце - Куманово, целосно е реконструирана делницата Катланово - Велес. Во моментов се гради автопатот Демир Капија - Смоквица, а за една година се планира и реконструкција на делницата Смоквица-Гевгелија.


Во рамки на обновувањето на овој пат е предвидена замена на асфалтот по целата должина, поставување на нови банкини и заштитници, мрежа за заштита од одрони, нова хоризонтална и вертикална сигнализација.


Осумдесет и пет отсто од средствата за реконструкција на делницата Велес-Катланово во должина од 23,5 километри и вредност од близу 5,7 милиони евра се обезбедени преку грант од ИПА програмата за регионален развој, а 15 проценти се одвоени од буџетот на државата. Предвидениот рок, согласно договорот за изведување на градежните работи со фирмата „Трабак“, изнесува 365 дена.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »