Петар Печков
Објавено: сабота, 05 март 2016
Убавото време, беше причини денес велешани -православни христијани масовно да ги посетат гробните места од црквите Св. Пантелејмон и Св. Спас како и гробиштата во Раштани. Така тие ја одбележува Задушница, помен во знак на сеќавање на починатите.
Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите.
Задушница е секогаш в сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите.
Tweet |