речник контакт

Прашанки од велешко

Прашанките стојат помеѓу гатанките и пословиците. Тие содржат одлики и на едните и на другите. Започнуваат со фразата: Го опитале или го прашале. Содржи прашање и неочекуван или остроумен одговор.Овие се стари повеќе од век

Петар Печков

Г’опитала ајпидата волот (бијолот) кога му се застојала на рогот: - Дан’ ти тежам?

- Нити те сумив како си дошла, нити ќе те сумам ко ќе си сјојш, - одгорил волот (бијолот).

 

Го опитала лисицата кртот:

- Зашчо ти се враќето затворени со земја?

- За да не ми идаш ти на гости, - одгорил кртот.

 

Го опитале владиката:

- Како мојш да живејш без жена?

- А тој им рекол:

- Јас вам ви се чудам како мојте да живејте со по една.

 

Го опитале владиката:

- Шчо е најсвето на веков (светов)?

- Честа кој знајт да ја ценит, - рекол, владиката.

 

Го опитале старјот вол:

- Ќе ти е полесно ко ораш, в бразда, али в ледина.

- Се ми е едно, диљми јаремот ми е на вратов, - рекол волот.

 

Го опитале в’лкот:

- Зашчо ти е дебел вратот?

- Зашчо сам си е вршам работата, - одгорил в’лкот.

 

Го опитале галот (гавранот):

- Имат нешчо поцрно от тебе?

- Имат, - одгорил тој.

- Шчо?

- Куќа, ќе шчо поељвит жена, - одгорил галот.

 

Го опитале дембељот:

- Зашчо се протегвиш?

-Заш’ ме фати мрзата, - рекол тој.

 

Го опитале ѓаолот:

- Шчо сакаш да бидиш, кога не би бил ѓаол (ако не си ѓаол)?

- Се, само војник и чирак не, - рекол натемаго.

 

Го опитале вепрот (крмакот):

- Зашчо је носиш главата наведена?

- Зашчо имам појќе татковци, - одгорил тој.

 

Го опитале кучето:

- Зашчо лајш?

- Зашчо не знам друг занает (друго шчо да прам), - рекло то.

 

Го опитае малуто:

- Ќе ојш малу?

- Ќе многуто (у многуто), - одгорило то.

 

Го опитале Марка Кралевиќе (Крале):

- Али би се потурчил за нешчо?

Тој им одгорил:

- За пари? – Побогат од мене немат. Со сила? – Посилен од мене немат. Само за инет.

 

Г’опитала Настрадиница Настрадин-оџа:

- Зошчо се карае арамите до куќава наша?

- За јорганот мој, - одгорил оџата.

 

Го опитале Настарадин оџа:

- Зошчо се карае арамите до куќата твоја?

За јорганот мој, - одгорил оџата.

 

Го опитале Настардин-оџа:

- Зашчо ти е толку вода?

- За да не се креват прав ко ќе прдам – рекол оџата.

 

Го опитале петелот:

- Зашчо мижиш ко да пејш?

- Зашчо ја знам песната на уста, - рекол петелот.

 

Го опитале сељанинот:

- Зн’јш кој се седумте смртни греој?

- Зн’м, - рекол тој.

- А кој е најтешкиот?

- М’мењето (м’мејнцата) – одгорил сељанинот.

 

 

Го опитале сељаните попот:

- Зошчо не не учиш?

- Не можам криво од бога, а право од кадијата, - одгорил попот.

 

Го опитале ќоријот:

- Кој ти и ископа очите?

- Брат ми, - рекол тој.

- За то се толку глобоко ископани, - му рекле тие.

 

Го опитале царот.

- Шчо е најск’по на веков (на светов)?

- Честа, кој знајт да је ценит, - рекол царот.

 

Го опитале шчркот:

- Зошчо ти се д’лги ноѕете?

- Шчо имат на мене кусо, та ноѕете да не ми бидат д’лги, - одгорил шчркот.

 

Зошчо не го клале носот ке г’зот?

Зашчо сакал везден оцкривање и бришење.

 

Зошчо не го клале носот ке г’зот?

Зашчо везден ќе му смрдело.

 

Је рекле на планината:

- Луѓето напраје сеќира.

- Нишчо не ми может со сеќирата, - рекла планината.

- Ама пресекое од тебе една р’чка за р’чка на сеќирата.

- Е, та р’чка ќе ме запустит (ќе ми ја плачит мајката), - рекла планината.

 

Ј’опитале змијата:

- Зашчо к’саш?

- Зашчо ми је г’зет опашкава. (Зашчо ми газет на опашкава), - рекла змијата.

 

Ја опитале лисицата:

- Зошчо си толку итра?

- Зашчо имат побудали од мене, - рекла лисицата.

 

Ј’опитале лисицата ко се фатила в ст’пица:

- Колку е саатот?

- Ушче тро и николку. (Ушче малу и николку), - рекла лисицата.

 

Ј’опитале лисицата:

- Шчо ти е поарно: да јајш, аљ’ да не јајш?

- Прво најадете ме, та после ќе ви кажам, - рекла лисицата.

 

Ј’опитале камиљата:

Зашчо ти е крив вратот?

- Шчо имат на мене право, та вратов да не ми бидит крив, - одгорила камиљата.

 

Ј’опитале камиљата:

- Шчо ти је полесно, угорницата, аљ’ удолницата?

- Да се нукусит и угорницата и удолницата, дељми (кога) тварот ми е на плешчиве (на грбава), - рекла камиљата.

 

Ј’опитале курвата:

- Зошчо не рожџаш?

- Како можам да родам кога еден го прајт, а други го расипвит копилето, - одгорила таа.

 

Ј’опитале мечката:

- Од ке познаш оту имат многу дренки?

- Зашчо многу ми се јадет, - рекла мечката.

 

Ј’опитале мравката:

- Зашчо си толку кнока (кночка) во полојната?

- Зашчо цело лето работам, - одговила мравката.

 

Ј’опитале м’ската:

- Кој ти е татко?

- Атот (коњот) ми е вујко, - одгорила таа.

 

Ј’ опитале некоја:

- Одошто ти је крива?

- Од многу дање, - одгорила таја.

 

Ј’опитале планината:

- Кој те опакости вака:

- Сеќирата, на која јас је дадов р’чката назаем, - рекла планината.

 

Опитале некој умен старец:

- Шчо го красит веков?

- Итриот - умот, богатиот – парите, сиромајот – крпежот и трпежот, а сите честа, - одгорил старецот

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »