речник контакт

Прашања од советниците до градоначалникот

Дел од поставените прашања од 55-та седница

Петар Печков

      Бесим Ахмедов

1.Жителите од УЗ Родна Ивева бараат да се постават легнати полицајци на главната улица Академик Пенчо Давчев кај штипска рампа до стовариштето на Ванчо Комерц.

2.Жители од УЗ Богдан Каракостев бараат на улица Родна Ивева кај железен мост по главната улица на Димитар Влахов од ковачот нагоре се спојува со улица Стојан

Бурчевски Буридан таа улица е многу тесна и во лоша состојба дали може да се реконструира?

              Валентина Делиманчева Андреева

1.Дали може да се воспостави ред и мир во вечерните часови во близина на паркот кај ОУ Васил Главинов брзо се вози со моторни возила и има викање од лица кои седат во доцните часови на оваа локација, а нема никаква интервенција од МВР?

2.Дали може да се санира улица Вардарска?

                    Живе Катранџиев

1.Дали може да се стави жицана ограда на игралиште за одбојка на песок?

2.Да се саниран улица Благој Ѓорев во близина на бензинската кај сив дом од левата страна?

              Нада Трајкова

1.Дали може на улица Вардарска да се постави урбана опрема?

                     Горан Јовиќ

1.Дали може да се реконструира улица Андреја Дамјанов?

              Петре Саздов

1.Жителите од Којник, потокот (кај игралиштето) и во близина на маркетот Жито (Превалец) се жалат на сметот кој го има по целиот тротоар/улица

2.Жителите од Превалец бараат паркова површина десно од рампата

                           Борче Павлов

1.Улицата Киро Рогужаров на спојот со улица Вера Цири Вири по обилните врнежи е во лоша состојба да се реконструира.

2.Барање од граѓани улицата Благој Кирков на спојот со улица Прохор Пчински да се реконструира

              Маријанка Мишева

1.Улица Стефан Димитров започната е реконструкција на водоводната мрежа но сеуште не направена реконструкција на патот

             Александар Домазетов

1.Кај пазарот во нова населба на позади зградата на улица Борис Трајковски бр 1 отстранети се гаражи просторот е сега запуштен што се планира со него?

2. Дали се планира да се реконструира пешачката патека на мостот кај Бифе Марија?

                  Еленче Тевчева

1.Жители од улица Петре Милевски се жалат дека целата улица е со дупки дали се планира да се санира истата?

                    Благој Коларов

1.Дали сите здруженија на граѓани имаат добиено просторија, оние кои немаат зошто немаат и да се достават договорите од оние кои имаат.

2.Дали има куќи кои не се и не можат да бидат опфатени со канализационото поврзување во с. Горно Оризари, и дали има решение

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »