Петар Печков
Објавено: вторник, 20 октомври 2026
Кавадарчанeцот А.М. (36 год) доби затворска казна бидејќи возел со високо присуство на алкохол во крвта, но и предизвикал собораќајна незгода. Тој е првиот осуден за вакво дело на подрачјето на судовите Кавадарци, Неготино и Велес.
„Апелациониот суд Скопје, по поднесена жалба од ОЈО Кавадарци за кривичното дело „Безобзирно управување со моторно возило по чл.297 а од КЗ“ каде возилото е управувано со 3,21 промили алкохол, паричната казна од 2.000 евра ја замени со казна затвор од 6 месеци а ја потврди мерката за безбедност, забрана за управување возило од Б категорија од 2 години. Времето поминато во затвор не се смета во времето за мерката за забрана за управување “ - информираа од ОЈО Кавадрци.
За овој настан СВР Велес соопшти на 17 декември минатата година. Cе случил во 20:05 часот на крстосница од ул.„Народен Фронт“ и ул.„Коле Подлешки“ во Кавадарци, кога А.М. со патничко возило „форд“ со велешки регистарски ознаки удрил во паркирано патничко возило „сузуки“ со кавадаречки регистарски ознаки. По преземените мерки во врска со незгодата, било констатирано е дека А.М. го управувал возило под дејство на алкохол, имал 3,21 промили алкохол во крвта.
| Tweet |




