речник контакт

Прва крводарителска акција годинава се одржа во Чашка, собрани се 19 крвни единици

Традиционалната зимска крводарителска акција во Велес ќе се одржи на 1-ви февруари во просториите на театарот

Петар Печков

Реализирана е првата годинашна крводарителска акција. И тоа во населба Чашка.  Собрани се 19 крвни единици,  колку што  дарители дошле  и ја покажале нивната хуманост. Еден од нив дарувал за прв пат и станал дел од најхуманото семејство во државата. Крводарителската акција заеднички ја организираа Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, а се одржа во просторија на ОУ  „Тодор Јанев“ Чашка. Бројката на дарители е за еден повеќе во споредба со истата акција од минатата година.Организаторот акцијата ја оцени како успешна. Во Општина Чашка се одржуваат три крводарителски акции во годината.  

Ова е прва крводарителска акција во 2026 година. Крводаритерлите од Велес ќе можат да даруваат на Традиционалната зимска крводарителска акција во Велес ќе се одржи на 1-ви февруари во просториите на театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“.

 фото ОО Црвен крст Велес

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »