Петар Печков
Објавено: сабота, 30 март 2019
Денес се реализираше првата масовна еколошка акција во организација на општина Чашка а потпомогната од ЈПКД Тополка и основните училишта во општината . Се чистеше на повеќе локации и населени места.
Во акцијата се вклучија претставници на Советот на Општина Чашка, вработените во општинската администрација, ЈПКД Тополка наставниот персонал и учениците од основните училишта Тодор Јанев,Лирија и Петар Поп Арсов .
Акцијата се организираше во поголемите населени места во Чашка,Горно и Долно Јаболчиште, Горно Врановци ,Мелница, Богомила ,Извор, како и по должина на регионалниот пат од месноста викана Пашин мост па се до Стари Град и населба Чашка.
Упатуваме апел до нашите сограѓани да ги чуваат чисти населените места, да го фрлаат отпадот во кантите за отпадоци, ако сакаме да живееме во поубава и почиста општина со личен пример треба да се трудиме Општина Чашка да биде еколошки чиста. Отпадот и несовесноста во заштитата на животната средина остануваат приоритетни предизвици во наредниов период на општина Чашка - кажа градоначалникот Горан Стојановски
Во наредниот период ЈПКД Тополка ќе продолжи со понатамошно чистење и уредување согласно програмата за работа.
Tweet |