Петар Печков
Објавено: петок, 10 март 2023
Пет млади велешанки, архитектки, ја освоија првата награда на меѓународниот конкурс во Црна Гора. Марија Димитриевска Цилакова, Викторија Богдановска, Даница Спасевска, Милка Гочевска и Маја Никова се авторките на станбен објект за домување
„Оваа награда не е само меѓународно признание: таа е многу повеќе, тоа е случај студија за тоа како љубовта, љубезноста, грижата и дизајнот управувано истражувањето можат да направат чуда“- напиша на нејзиниот ФБ една од авторките Викторија Богдановска.
На конкурсот пристигнале 12 труда на автори од регионот. Бил распишан од Универзитетот во Подгорица, бидејќи се барало идејно решение за објект во рамките на универзитетски кампус.
Tweet |