Петар Печков
Објавено: среда, 27 март 2024
Во Основниот суд во Неготино, изречена е првата осудителна пресуда во судкскта пракса во Македонија, со која се санкционира говорот на ормаза врз основа на сексуална ориентација. Со ена лицето С.М. од Демри Капија е прогласен за виновен за кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
Обвинетиот С.М., во јули минатата година, на социјалната мрежа Фејсбук под споделена медиумска содржина има напишано два коментари со вознемирувачки говор на омраза кон ЛГБТИ заедницата, во кои се повикува на насилство кон оваа маргинализирана група.
Со тоа обвинетиот сторил кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ па Основен суд во Неготино му изрекол алтернативна мерка – условна осуда, казна затвор во траење од една година. Утврдената казна затвор нема да се изврши доколку обвинетиот во рок од една година по правосилноста на пресудата не стори друго кривично дело.
Основен суд Неготно како надлежен првостепен кривичен суд, одлучувал по обвинителниот предлог на Основното јавно обвинителство Кавадарци, по кривична пријава од Квир Центар.
Ова е прва осудителна пресуда во судската пракса на Македонија со која се санкционира говор на омраза врз основа на сексуална ориентација. Според чл. 394-г ст. 1 од КЗ, за ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, предвидена е казна со затвор од една до пет години за секој што ќе предизвика или ќе разгори омраза, раздор или нетрпеливост, врз некоја дискриминаторска основа, вклучително врз основа на припадност на маргинализирана група.
фото википедија
Tweet |