речник контакт

Прва победа за фудбалерките на ЖФК Борец во Првата лига

Во дербито на колото, пораз на домашен терен за КМФ Кеги моби од КМФ Проект

Петар Печков

Во осмото коло од Првата женска фудбалска лига, екипата на ЖФК Борец ја забележа првата победа. На домашен терен на Градски славеше со 3:1 над екипата на  ЖФК Кочани, која веќе има освоено еден бод. Велешани до победата дојдоа во финишот, со головите постигнати во последните неколку минути, откако кочанчанки  први поведоа а ФК Борец израмни во средината на полувремето, со кој резултат завршија првите 45 минути. По ова коло ЖФК Борец се искачи од последното 12 место на 8-то со три бода. Во следното коло велешанки гостуваат кај лидерот ФК Љуботен кој бележи само победи.

Во осмото коло од Првата футсал лига, пораз за КМФ Кеги моби на домашен терен во дербито на колото, од КМФ Проект, кој е второпласиран. Велешани загубија со 3:5 (2:3). Пресвртот на натпреварот го направи велешанецот Дарко Ранготов кој игра за валандовчани и со три последователни гола од 2:2  направи во водство од 5:2.  По овој натпревар велешани останаа на 4 место со 13 бидоа а во следното гостуваат кај ФК Шкупи, кој е трето пласиран. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »