Петар Печков
Објавено: сабота, 05 мај 2007
Сабота вечер велешкиот народен театар „Јордан Хаџиконстантинов Џинот“ премиерно ќе ја прикаже претставата „Проклетството на изгладнетата класа“. Таа е работена по текст на Сем Шепард и е дипломска работа на режисерот Никола Ристов. Тој претставата ја дефинира како социјална драма. Жестоко актуелна со денешнината и со глобализацијата.
- Се обидов текстот да го сработам како урбана митологија. Урбана бидејќи е блиска на денешнината а митолошка бидејќи држи до античките драма. Или како не функционира едно семејство по што жртви се децата - изјави режисерот Ристов. Негов е и изборот на музиката, во која преовладуваат класиците на р&р од 70-тите со Ролингстоун и Битлси.
Во претставата настапуваат Јордан Витанов, Слободанка Чичевска, Игор Ангелов, Александар Георгиев, Кирил Гравчев, Едмонд Сотир. Костимите се на Невенка Тасева Петровиќ а сценографиајта на Дејан Трипуновски. Текстот на Сем Шепард „Проклетство на изгладнетата класа“ е пишуван во 1977 година но и покрај тоа е актуелен и денес.
- Шепард досега е игран само еднаш во Македонија, пред дваесетина години во МНТ, па ова е провокација повеќе, за овој комплетен уметник, да биде претставен во Велес а публиката да ја гледа претставата - најави директорот на театарот Јордан Витанов.
За кадровски, уметнички и сценски подмладениот велешки театар со 14 нови имиња, ова е прва премиера по девет месеци пауза.

Tweet |