Петар Печков
Објавено: среда, 03 март 2021
Стадион Зоран Паунов во Велес
судија: Константин Влахов од Скопје
стрелци: Баша 4`, Адили 45` (ФКБор), Митевски 17`(ФК Бел)
картони: жолт Омерагиќ (ФК Бор); Сулев, Каланоски, Шево (ФК Бел)
ФК Борец 1919: Георгиевски, Адили, Баша, Ефтимов, Коцев, Мишевски, Ристовски, Стоименовски, Талаков, Трајковски, Трајков во игра влегоа и - Омерагиќ, Османовски, Чичевски, Ѓорѓиев
ФК Беласица: Вулиќ, Демир, Гадјуфи, Ивановски, Калановски, Калпачки, Коцев, Милушев, Митевски, Пеев, Страхиња играа и Шулев, Милатовиќ, Трајановски, Михајлов,
Прва победа за велешани во пролетниот дел од првенството, од Првата фудбалска лига. ФК Борец славеше над фенерџијата ФК Беласица со 2:1. Уште во 4-тата минута со голот на хрватскиот интернационалец Баша велешани поведоа, гостите израмнија во 17-та со голот на Митевски а Адили во финишот постигна гол, кој на крајот се покажа дека е конечен резултат. Домаќините имаа повеќе од играта, ја контролираа топката и на крајот стигнаа до радоста и трите бода.
По ова 21-во коло ФК Борец се искачи на шестото место со 29 бодови, колку што има и скопски Работнички. Во следното коло, викендов ФК Борец 1919 гостува во Битола на екипата на ФК Пелистер, која е осмопласирана со 25 бода.
Tweet |