Петар Печков
Објавено: петок, 10 мај 2013
Во Ликовниот салон при народниот музеј од Велес во четвртокот навечер се отвори првата самостојна изложба на ликовниот уметник Коста Клифов. Изложбата е именувана ,,Свет,, а составена од повеќе циклуси ,,Патишта, Лица, Од војната,,.
Преку 18 слики масло на платно уметникот преку своето видување го претставува светот денес, пред илјада и два илјади години што е поврзано со човековото битисување. Природа, животинскиот свет, војната, смртта се е предадено преку еден силен експресионистички набој со силни, јаки бои кои оставаат впечаток кај публиката.
Клифов е роден во Велес 1985-та година а Факултетот за ликовни уметности во Скопје го завршил 2009-тата. Учествувал во повеќе групни изложби и колонии.
Tweet |