Петар Печков
Објавено: вторник, 17 јули 2018
Изминатиот викенд на патеката во Берово се возеше првата од трите трки за државниот шампионат во класата ендуро. Настапија и членови на Мото клубот Велес, деветмина во три категории. Во Е1 250 Драган Ванов беше прв а трет Виктор Караколев но тој вози за екипата на скопско ,,Водно,,. Во класата ,,хоби,, Кенан Синанов пред Сали Имери и двајцата од МК Велес, ги освоија првите две места од тројца кои ја завршија трката. Организатор на трката беше Мото клуб Велес.
Од денес во Италија на патеката Иври се вози Светското првенство за младинци и јуниори кајак на диви води -слалом. Меѓу учесниците е и велешанецот Енис Небиовски, кој како единствен учесник од Македонија ќе ги брани боите на репрезентацијата. Според програмата тој ќе вози на 19-ти четврток, во дисциплината К-1 за младинци. Првата трка е закажана за 14,45ч. а Небиовски од 83 учесника стартува со реден број 26.
Tweet |