Петар Печков
Објавено: сабота, 18 април 2020
На 12.09.1992 година ЖОК „Борец„ со приватната фирма „Универзал-промет„ сопственост на Никола Мечкаров, се потпиша договор за спонзорство во траење од 2 години. Договорот го потпишаа: Никола Кузманов, Претседател на Клубот и Никола Мачкаров.
Претседател на ЖОК „Борец„ е Ване Мечкаров.
Директор на Клубот: Владо Диневски.
Секретар: Никола Димов
Тренер: Љупчо Гинов
втор тренер Петрушев Петре.
Играчи:Сашко Миланов,Горан Зафиров, Слободан Марковски, Горан Илиев, Илија Коцев, Сашко Анастасов, Јованче Манасков, Горан Славков, Дарко Николов, Боби Ѓошев, Атанас Трајковски, Ѓоре Зафиров и Зоран Жабев.
Во натпреварувачката 1992/93 , сега веќе ОК „Борец-Универзал-промет„ го освои второто место а прв беше ОК „Работнички„. За прв пат по осамостојувањето имаше и телевизиски натпревар во одбојка со екипата на ОК „Струмица„.
За натпреварувачката 1993/94 се договоривме да направиме солидна екипа за освојување на шампионска титула иако од Клубот замина Сашко Анастасов во ОК „Работнички„.
Во екипата дојде Зоран Русоманов, репрезентативец и Баца Ѓуровиќ од ОК „Будуќност„ Титоград. а секако дека не смее да се заборави Јошко Миленковски како прв тренер, асистент по одбојка на ФФК втор тренер беше Љупчо Гинов.
Играчи кои настапија: Ѓуровиќ, Зафиров - репрезентативец, Илиев - репрезентативец, Ѓошев, Марковски - репрезентативец, Русоманов - репрезентативец, Јанакиевски, Миланов, Милков, Жабев, Манасков -репрезентативец,.
ОК „Борец-Универзал промет“ во првенството го освои второто место.
Купот на Македонија, се одржа во Велес. Учесници беа најдобрите екипи во државата: ОК „Работнички“, ОК Струмица“, ОК „Југохром„, се разбира организатори бевме ние. Со сите победи го освоивме Купот на Македонија и се стекнавме со право да настапиме во Купот на Куповите во Европа за што ќе посветам посебен текст.
Како почнавме да ја враќаме публиката во сала, се разбира, со цела радост на тие што работевме долги години во Клубот: Владо Диневски, Симеон Виларов, Ване Миов, Никола Димов, (морам да ги спомнам)и другите кој беа присутни во тие убави години, спонзорството од 2 години во 1994 год. помина. Тешкотиите пак се вратија.
Дочитање до следна прилика, Владо Диневски
Tweet |