речник контакт

Први во редот за крводарување, иако отпуштени од работа четири конфекционерки од МК Стоби

На првата годинешна крводарителска акција собрани 67 крвни единици

Петар Печков

Мима Лазова, Александра Маџарова,Наташа Дучкова и Весна Ѓоргиевска се поранешни колешки, конфекционерки  од МК Стоби. Два месеци повеќе не се во работен однос, тие денес ја подадоа раката, застанаа во редот и доброволно дарува крв.

Иако нема да добијат два дена слободни, нема да ги користат бенефитите од крводарувањето,  се одлучија да даруваат крв. Скромно на прашањето, зошто денес го сторија ова, тие имаа идентичен одговор ,,заради хуманост и спасување нечиј живот,,. 

Овие четири некогашни вработени во МК Стоби беа дел од 17 жени кои даруваа крв во првата годинешна кродарителска акција во Велес. Се собраа вкупно 67 единици а од нив петмина дарува крв за прв пат. Организаторот Општинскиот Црвен крст на Велес го оценува успешно почетокот на годинава.

Акцијата беше спроведена во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје а  се одржа во холот на велешки театар. Во ланската акција беа собрани 79 крвни единици а во 2018-та 109.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »