речник контакт

Први декември, Светски ден во борба против сидата, под мотото „Да водат заедниците”

Во Велес изминатите 11 месец има два нови случаи на ХИВ/СИДА

Петар Печков

Први декември е Светскиот ден за борба против СИДА,  а оваа година  е  со мотото  „Да водат заедниците”.  Во Велес изминатите 11 месец има два нови случаи на ХИВ/СИДА.  Светска здравствена организација објаснува дека  не постои лек за ХИВ инфекцијата. Меѓутоа, со зголемениот пристап до ефикасна превенција, дијагноза, третман и грижа за ХИВ, вклучително и за опортунистичките инфекции, ХИВ инфекцијата стана хронична здравствена состојба, овозможувајќи им на луѓето што живеат со ХИВ да водат долг и здрав живот.

Според Институтот з а јавно здравје (ИЈЗ) нa Македонија, Република Северна Македонија е земја со ниска преваленца на ХИВ. Од 1987 до 30.11.2023 година се регистрирани вкупно 632 случаи на ХИВ/СИДА.

Кумулативно, од регистрираните случаи, 564 (89,2%) се од машки пол, 67 (10,6%) се од женски пол, а регистрирано е и едно трансродово лице. Високото пропорционално учество на машки лица во бројот на новорегистрирани случаи е тренд во изминатите 15 години.

Дистрибуцијата по возраст укажува дека најзафатени се сексуално активни лица на возраст од 20-39 години, кои чинат речиси три четвртини од дијагностицираните случаи (73,9%,)

Кумулативно, најголем број од случаите се со место на живеење во Скопје (n=287), Тетово (n=38), Штип (n=31), Прилеп (n=30) и Куманово (n=29).

Во периодот од 1987 до 30.11.2023 година, вкупно 126 од дијагностицираните лица во Република Северна Македонија починале поради причини поврзани со СИДА, што претставува стапка на смртност од 19,9%.

Кумулативно според веројатен ризик за стекнување на ХИВ, најголем број од случаите (вкупно - 381 или 60,3%) се кај МСМ популацијата, а хетеросексуалниот начин на пренос е регистриран кај 210 случаи (33,2%).

Во Центарот за јавно здравје Велес повеќе не се води евиденција за  бројот на случаи носители на ХИВ заразата или заразени со СИДА, ниту пак се врши бесплатна  контрола. Тоа со програмата на ИЈЗ е пренесено на центарот во Скопје а бесплатните контроли се работат преку невладините организации и граѓански здруженија. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »