Петар Печков
Објавено: сабота, 08 мај 2010
Пан такси, кој ја има лиценцата да вози на единствената градска линија, купи мини бус, наменски за градски превоз.Тој собира 30-тина патници и е многу поконфорен, пофункционален и подобар за патниците.
Автобусот сообраќа на релацијата Стариот мост – Автобуска до населба Превалец преку Железничка станица и обратно на секој половина час, додека во недела и празник на секој час, во терминот од 5 до 21 часот. Цената е 25 денари за билет.
Tweet |