Петар Печков
Објавено: петок, 03 јануари 2020
Во третиот ден од Новата 2020-та година, во Велес се склучија првите бракови. И тоа три. Први кои го кажаа судбинското ,,ДА,, беа Тоше Ончев од Велес и Наталија Мојсова од Неготино. Тој е ракометен интернационалец, настапува во Франција, за второлигашот Вернон, а таа е вработена во МВР, работи во специјалната единица во ЕБР.
Чудни се животните патишта. Јас Наталија ја запознав пред десет години во Охрид, кога таа сметаше дека сме премлади, но подоцна пак животот не` спои, се вкрстија патиштата, почувствувавме дека тоа е тоа, за да сега и склучиме брак - кажа за порталот ТрМр, Ончев.
Тој живее во Вермон, 40 км од Париз а првата половина од годинава ќе бидат одвоени. Тој игра на позицијата лев и среден бек а има настапувано за кадетската репрезентација на Македонија, за шампионскиот тим на Вардар во СЕХА лигата во 2017-та година.
ТрМр им упатува честитки на младите
фото: ART Production
Tweet |