речник контакт

Првиот ден од годинава донесе 10 позитивни случаи на ковид-19 и 14 оздравени

Активни се 552 случаи, во велешка Болница се хоспитализирани 26 пациенти

Петар Печков

Во првиот ден од годинава, Центарот за јавно здравје од Велес регистрираше 10 нови заразени лица со ковид-19 или досега вкупно 2.764. Оздравени се 14 пациенти а вкупно 2.138.

Активни се  552 случаи, 22 од нив се во велешка Болница,  по двајца се во приватни клиники во Скопје и во Клиника Козле,  и по еден во Инфективна клиника и торако-васкуларна Клиника.  На домашно лекување  се 524 пациетни.

Во велешка Болница  се хоспитализирани 26 пациенти од нив 22 на Инфективно и четворица ан Интерно.  Од нив  19 се потврдени позитивни, двајца  сомнителен и  пет пациенти  се со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 10 пациенти. Еден апциент е  транспорт за Скопје на Инфективна клиника.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »