речник контакт

Првиот ден од летната крводарителска акција, собрани 173 крвни единици

Докторите задоволни од собраните количини

Петар Печков

Традиционалната 20-та по ред крводарителска акција која се одржува во Велес, во првиот ден се собраа 173 крвни единици. Таа се одржува во фоајето од салата Бели Мугри. И овој пат велешани покажаа голема хуманост и несебично ја подадоа  раката за да подарат  од драгоцената течност.

На овие летни горештини собравме 173 крни единици, тоа е одлична количини. Крводарителите до градот, пред се младите покажуваа висока степен на хуманост што може да радува, бидејќи крводарителството има иднина – изјавија од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, кој заедно со Општинската организација на Црвениот крст го организира оваа летна акција. Таа продолжува и утре, на истото место. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »