Петар Печков
Објавено: четврток, 13 август 2020
Првиот ден од гоелета летна крводарителска акција собрани се 64 крви единици. Од нив девет се жени и четири лица даруваат прв пат. Од организаторот ОО на Црвен крст Велес се задоволни од одѕивот на крводарителите.
Оваа бројка е за почит и благодарност до сите крводарители кои се одѕваа на акцијата, таа продолжува и утре- изјави Орце Николов секретар на Општинскиот Црвен крст за Велес.
На ланската акција првиот ден беа собрани 74 крви единици а двата дена вкупно 161. Годинава големата летна крводарителска акција се организира по 27-ми пат. Таа продолжува и утре во терминот од 7,30 до 14,30 часот, во просториите на Ликовниот салон.
Tweet |