речник контакт

Првиот ден од масовната вакцинација 311 велешани примиле „АстраЗенека“

Денес продолжува ревакцинација со втора доза и во Здравствен дом

Петар Печков

Првиот ден од масовната вакцинација во Велес, се одѕвале 311 лица од 400 граѓани кои имале термин.  Денес пунктот работи во терминот од 8 до 16ч.

И денес работиме во вакцини на „АстраЗенека“.Денес покана за вакцинација имаат 600 лица. Во Здравствен дом продолжува ревакцинацијата, денес треба да ја примат втората доза 94 граѓани. Тие ќе бидат вакцинирани со „Синофарм“ како и со првата доза - соопшти д-р Марина Тодоровска, координатор на пунктот за масовна вакцинација во Велес.

Тој се наоѓа во спортската сала на училиштето „Коле Неделковски“. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »