речник контакт

Првиот ден собрани 106 крвни единици (фото)

Големата летна акција продолжува и утре во фоајето од новиот театар

Петар Печков

Општинската организација на Црвен крст Велес, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје годинава по дваесет и втори пат, ја организира традиционалната летна ,,СОЛИДАРНА АКЦИЈА ЗА ДОБРОВОЛНО ДАРУВАЊЕ КРВ,, .

По првиот ден  собрани се  106 крвни единици, информираа од велешкиот Црвен крст. Акцијата продолжува и утре, среда. Се одржува во фоајето на театарот „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ од 7:30 до 14 часот.

Бидејќи имаше дури 9 лежалки, каде се дарува крв, немаше воопшто гужва и чекање и сите заинтересирани бргу го напуштаа просторот. За сите крводарители има подарок. Крвта е незаменлив лек - таа спасува човечки живот, потсетуваат од Црвениот крст.

Ова е една од поголемите крводарителски акции во земјава. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »