Петар Печков
Објавено: петок, 04 февруари 2022
Во првиот месец од годинава, јануари во вакциналниот пункт во Здравен дом Велес, аплицирани се 1.246 вакцини за заштита од ковид-19, или по 69 просечно на ден. Со прва доза се вакцинирани 158 -13 отсто, со втора доза 235 -19 отсто и со трета доза 853 лица, што е 68 отсто од тие што примиле вакцина во јануари. Ова се бројките добиени од ЈЗУ Здравствен дом Велес.
Освен од Велес тука доаѓаат да примат вакцина и граѓани од соседните општини Чашка, Градско и Лозово. Сите тие се вакцинирани со вакцината „фазјер“.
Во оваа бројка се и вакцинираните во домашни услови, на лица кои се болни, немоќни, неподвижни. Нивната вакцинација продолжува два пати неделно, со претходна најава од страна на заинтересираните.
За овој еден месец процентот на опфат на вакцинирањето во Велес пораснал за 0,3 отсто кај целата популација, или кај лицата +18 за 0,5,за население над 12 за 0,4 отсто.
На ниво на држава, на крајот од јануари опфатот е 40,7 отсто или за 0,7 е зголемен за еден месец , +12 е 46,7 а 18+ е 50,6 отсто.
Tweet |