Петар Печков
Објавено: среда, 07 октомври 2026
Првиот месец од воведувањето на системот „безбеден град“ на подрачјето на СВР Велес, евидентирани се вкупно 1.518 прекршоци, одговорија од СВР Велес, на прашањето до ТрМр. Или во период од 24 дена има по 63 прекршоци на ден.
Овој податок е за градовите Велес, Кавадарци, Неготино и Демир Капија.
Најголем дел од нив се за брзо возење, каде се регистрирани 1.214 прекршоци, по што следуваат за минување на црвено светло 290 прекршоци и за управување на возило со измината важност на сообраќајната дозвола 14 прекршоци.
| Tweet |




