речник контакт

Првите Македонки кои го минаа патот на Св. Јаков, се велешанки (фото)

Душица Тодорова од Велес со тетка и Нора изодеа 800 ким за 37 дена, дел од модерниот аџилак во Европа

Петар Печков

 Младата велешанка Душица Тодорова  (28 год)  минатата година заедно со нејзината тетка Нора, која живее во Виена, го изодеа патот на Св. Јаков.  Тоа   патување е модерен аџилак а тие се првите Македонки кои го изоделе.  Тргнале  на 7 мај од   Санжан Перде Порт од Франција а  во   Сантијаго Де Кампостела во Шпанија  стигнале на  13 јуни.  37дена пешачеле секој ден или изоделе  околу 800 км.  

 Ова патување е познато  како патот на Св. Јаков.  Тоа е модерна рута на аџиите од Европа, дел од светското културно богатството  и е еден од трите дестинации на модерниот аџилак, заедно со тие до Рим во Италија и Ерусалим во Израел.   Дознав за него од книга на познат германски комичар Хапе Керклинг, кој го изодел овој пат  во 2001-та - објаснува Душица.  

На патувањето може да тргне секој од неколкуте места каде е појдовната точка. Од таму се добива пасош.  Таму пишува каде во кои локали може да се преноќува на патот до Сантијаго Де Кампостела во Шпанија, каде може да се храни, што треба да се посети и види. Секој што тргнува добива и школка, оти сите линии на неа се соединуваат во една точка. Така е и со ова патување. од  повеќето града каде се тргнува, има иста цел, шпанскиот град Де Кампостела и тамошната  катедрала ан Св.Јаков.   Преноќувањето е во хостели, специјално за оваа намена каде цената е од 6 до 10 евра. 

Има неколку градови од  каде се тргнува. Патеката која ние ја изодевме се вика Камино Франсе. Секој учесник добива своевиден пасош од местото каде тргнува.   На пасошот пишува од кој датум си почнал, каде си бил секој ден. Нема  рок до кога се патува. Може да се оди  една делница една година, следната да с е  продолжи. Може да се патува во фази.   Има определени места кои треба да се видат, кои се од значење, кралски градови, Памплона, Бургос, Леон - раскажува младата Тодорова. 

Ширење на христијанството кое го правел Свети Јаков, останало традиција а започнало во 10-тиот  век    Долижана на патувањето е индивидуално, не може секој да ги издржи сите физички напори, пеш да оти  толку. Целта не е  да се трча.  Така  меѓу тие што го изодел овој пат е Паоло  Куељо.  Во  1986-та и во едно од местата каде попатно престојувал  посакал да стане писател. Тоа било негова животна пресвртница, негово духовно будење,  за да му се смени на позитивно животот. 

Патував со мојата тетка Нора и имавме желба на ова  патување да ги славиме родендените на 25 мај и 1-ви јуни.   Во текот на овие денови  е можност да  имаш простор само за себе, да се види човек каде  е што е.   Нема пишување пораки по мобилен, на лап топ. Јас во првите денови од патувањето постојано со некого се допишував и по некој ден неочекувано ми се скрши мобилниот. Тоа беше знак дека јас треба да се посветам на патувањето и себе, не на другите.  Имав повреда вториот ден на зглобот од ногата. Сосема случајно домаќинот во објектот каде бевме сместени,  беше физиотерапевт кој ми помогна да ја наместо ногата и така го продолжив патот, оти размислував да се повлечам, не можев да одам - додава Душица. 

 Најважно за патувањето се чевлите, тие се најскапата инвестиција. Мора да се најдат квалитетни, за да нема плускавици, за да може да се оди секојдневно. Околу 160 илјади луѓе годишно го одат патот на Св. Јаков.  

Луѓето по пат се многу искрени,дружељубиви.  Првиот ден беше најнапорно, моравме да  одиме 26 км,   се искачивме на  Пиринеите на 1.400 м и се спуштивме пак  на стотина метри. Тоа беше мошне тешко. Времето ни се погоди, подобро не можевме да посакаме. Имавме само два дена во текот на сите 37 беа со дожд  - вели Душица. од сите кои ги сретнала по патот, незаборавно и е дружењето со 82 годишната американка Пем,   која на нејзини години трча маратон, два пати го искачила Килиманџаро. Таа од домаќините во Шпанија  дознала дека со тетка и се првите Македонки кои го изоделе овој пат. 

Кога стигнавме  во катедралата во   Сантијаго Де Кампостела во Шпанија, го предаваме пасошот. Ги прашав луѓето дали имало други Македонци, тие ми рекоа дека сум прва. Потоа на мисата во катедралата  не поздравија на македонски.   Помислував дека е патот авантура, но сфатив дека е повеќе е тоа. Не е само патување, не  осознавање на култура на  луѓе. Овој пат е нешто друго, тој е самопознавање на себе - заврши Тодорова, која е завршен германист.   

Размислува до година да ја оди рутата од Порто, која бил многу помирна, полесна, нема многу движење   како таа што ја изоделе лани и е многу популарна. И повторно со тетка и Нора. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »