речник контакт

Првите девет месеци од годинава зголемено е откривањето на криминалитетот во Општина Велес, како и откривањето на економскиот криминал

Спасовски ги посети полициските службеници на делницата Велес - Градско кои вршат контрола на сообраќајот на патиштата и контрола на возила и возачи сомнителни за криумчарење мигранти

Петар Печков

Во Општина Велес во првите девет месеци од годината, споредено со истиот период лани, се бележи намалување на криминалитетот, зголемено е неговото откривање, има намалување на бројот на тешки кражби а се бележи раст на откривање на економскиот криминал. Ова го кажа министерот Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, при денешна посета на СВР Велес.

„Вкупниот криминалитет на подрачјето на СВР Велес во изминатите девет месеци од 2023 година, споредбено со истиот период претходната година, бележи намалување за 3%. Откривачката активност, кога зборуваме за вкупниот криминалитет, бележи зголемување за 11% во првите девет месеци од оваа година споредбено со истиот период лани. Во делот на тешките кражби, во текот на 2023 година имаме намалување на овој вид пријавени кривични дела за 28%, споредбено со истиот период 2022 година, а намалување за 57% бележиме и во делот на економскиот криминал. Покрај ова, за 17% се намалени прекршоците во 2023 година во делот на јавниот ред и мир компаративно со деветте месеци од 2022 година. Исто така, во однос на безбедноста на сообраќајот, со задоволство можам да констатирам дека евидентирано е намалување за 3% на сообраќајните несреќи со потешки последици“ - кажа министерот Спасовски.

Во првите 9 месеци од  годинава реализирани биле  783 превентивни активности на различни теми на подрачјето на СВР Велес.  Во рамките на „Отворен Кабинет“ бројни граѓани денес имале средба со министерот Спасовски и укажале на нивни искуства од работата на полицијата, за настани и случаи поврзани со нив, или нивен близок.

Министерот Спасовски при  посетата на СВР Велес попладнево ја искористи заедно со раководство на овој Сектор да направат увид на активностите што ги вршат полициските службеници на терен.

Спасовски ги посети полициските службеници на делницата Велес - Градско кои вршат контрола на сообраќајот на патиштата. Притоа преземаат мерки во врска со Оперативната акција ,,Рефлекс" со која покрај останатото се врши контрола на возила и возачи сомнителни за криумчарење мигранти.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »