Петар Печков
Објавено: недела, 02 јануари 2011
Конечно по 38 часа во Велес се роди првото бебе. Дваесет годишната мајка Демрана Реџепи на 2 јануари во 14,20 часот, на свет донесе здраво машко дете. Тоа е трета рожба во фамилијата.Тешко е 2.700 грама, а долго 49 сантиметри. Нека е живот и здраво и честитки за родителите.
Демрана е во невенчан брак со партнерот кој и не знае дека станал татко бидејќи е на работа во Италија. Таа се породила сама без помош во скромниот дом на улица Вера Цири Вири Трена 128. Реџепи е лице со посебни потреби а со нејзините деца корисник на социјална помош.
Градоначалникот Петров на родилката и даде плик за новороденото бебе но најави поширока акција со надлежните државни и граѓански здруженија за да и се помогне на Демрана.
Патем познавачите велат дека секоја година кога ќе се родило женско била успешна, останува да видиме каква ќе биде оваа 2011 година
Tweet |