Петар Печков
Објавено: четврток, 22 август 2019
Во првото коло, шеснаесет финале на фудбалскиот Куп на Македонија, во Велес на стадионот Зоран Паунов се одигра локално дерби, помеѓу третолигашот ФК Превалец и прволигашот ФК Борец 1919.
Постариот лигаш победи со 4:0 полувреме 2:0. Борец поведе со голот на Богданоски во 4-та минута, зголеми Жоглев во 13-та а двата гола во вторите 45 минути паднаа од пенал во 52 и 76 кои ги реализираше Христов.
Со ова ФК Борец 1919 ги продолжува натпреварите во осминафиналето. Противникот ќе биде извлечен дополнително и се играат два натпревари, дома и во гости.
Tweet |