речник контакт

Првото БМВ Х1 од бонус играта „ЗАВРТИ ЕКОСКУТЕР ТРКАЛО“ се вози низ Тетово (видео)

Радислава Трифуновиќ од Тетово е добитничка на првото БМВ х1 од бонус играта „Заврти Екоскутер тркало“. ГРЕБИ ЗА ЕКО СКУТЕР, ВОЗИ БМВ Х1! Името на вториот добитник на возило БМВ х1 ќе го дознаеме на 19-ти март.

Петар Печков

Радислава Трифуновиќ од Тетово е добитничка на првото БМВ х1 од бонус играта „Заврти Екоскутер тркало“. Клучевите од својот нов автомобил ги доби нејзината ќерка Анѓелина во салонот на М-Кар од Марјана Станојковска и тимот на Државна лотарија.

Среќната добитничка е верен играч на игрите на среќа на Државна лотарија многу години наназад. Доказ за нејзината упорност се остварените добивки досега како 50 000 денари, 15 000 денари, а и Еко скутер од истоимениот лоз.
Иако Радислава не беше присутна на доделувањето поради престој во Германија, во телефонски разговор ни раскажа за нејзиното учество во бонус играта „Заврти Екоскутер тркало“. Имено, со помош на нејзината ќерка, преку веб страната www.loto.mk регистрирала дневно по неколку недобитни инстант лозови Еко скутер.

На 8-ми јануари, тетка Рада извлекувањето го следела со нејзиниот сопруг и како што ни кажа, цел ден имала претчувство дека ќе се случи нешто големо, а вербата во среќата никогаш не ја изгубила.

Пресреќна за добивката, на сите играчи им посака истрајност и упорност, никогаш да не се откажуваат од потрагата по среќата, затоа што не се знае кога ќе Ви се насмее.

Името на вториот добитник на возило БМВ х1 ќе го дознаеме на 19-ти март. Се што треба да направите е да регистрирате два баркода од недобитен инстант лоз Еко скутер преку веб страната www.loto.mk и секако, да верувате во среќата. За второто извлекување, во игра се сите регистрирани инстант лозови Еко скутер од 11-то до 20-то коло.

Влези во бонус игра со два броја од твојот недобитен лоз Еко скутер, можеби ќе си заминете дома со прекрасен БМВ х1.
ГРЕБИ ЗА ЕКО СКУТЕР, ВОЗИ БМВ Х1!

 ПР текст

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »