Петар Печков
Објавено: вторник, 02 јануари 2018
Понеделникот во 16,55ч. на акушерското одделение во велешката Болница се роди првото бебе во 2018-та година. Тоа е женско, четврто дете во семејството Алиови, на Наиме и Алил од Горно Јаболчиште. Претходно тие имале три сина.
Денес се породи 30 годишната Наиме Алиова, ова е нејзино четврто дете. Роди здаво женско бебе. Породувањето беше спонтано, нормално. Бебето е добро, мајката добро се чувстува, се е во ред. Второто родено бебе годинава на нашето одделение е машко а денес очекуваме уште неколку нови - изјави гинеколог д-р Соња Димова, која ја породи родилката.
На новороденчето и нејзината мајка, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски им врачи чек на 12 илјади денари и пригодни подароци.
Велат дека ако првото бебе е женско, дека годината ќе биде бериќетна. Посакувам и на семејството и на сите граѓани на Општината да имаме бериќетна година, да има што повеќе новородени здрави деца. Новороденчето нека расне во мир, љубов и слога, да биде среќно и безгрижно. Тоа го посакувам и на сите бебиња кои ќе се родат годинава - рече градоначалникот Коцевски.
Лани на акушерското одделение при ЈЗУ Општа Болница Велес се родиле 649 бебиња а во 2016-та 651. Тука се породуваат жени од регионот, не само од велешко така што оваа бројка не е реална за тоа колку велешанчиња се родиле во 2017-та година.
Tweet |