речник контакт

Првото бебе во новата 2023 година е машко, трето на Хакие и Фатир Беќири

Градоначалникот Колев со подарок за новороденчето но и jа најави новата мерка, со која секое бебе чии родители се со адреса на живеење од Општина Велес, добиваат по 3 илјади денари парична помош

Петар Печков

Утрово 7,50 часот се роди првото бебе во Велешката болница, во новата 2023 година. Тоа е машко, од мајка Хакие ( 20 год) и татко Фатир Беќири (26 год)  од Горно Јаболчиште. Бебето е трето родено во семејството, претходно имаат машко и девојче.

„Бебето се роди спонтано, жив машки плод, оценет од педијатриите со највисока оценка. Тешко е 3,9 кг. од наш акушерски аспект, пациентката е во одлична состојба. бебето веднаш заплака“ - кажа д-р Горѓиче Николов, началник на одделението за акушерство и гинекологија. Породувањето го извршила  гинеколог д-р Виолета Николов,  заедно со дежурниот тим од акушерско одделение.

Изминатата 2022 година во ова одделение родени се 383 бебиња. Во 2021 година  биле родени 396 бебиња. Докторите ова го припишуваат на одливот на младите од градот и земјава, но и од социо-економскиот статус. Изминатата 2022 година имало родено повеќе случаи на близнаци, но не и на тројки.  од одделението истакнуваат дек имало бројни случаи на трето родено бебе во едно семејство.

Градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев на мајката на новороденчето и врачи чек во вредност од 15 илјади денари.  Тој во првата изјава годинава им ја честиташе Новата 2023 година.

„На сите граѓани им посакувам пред се здравје, да имаме убави момент, да се обединиме, со цел државата и градот да одат напред.  Да и маме што помалку грижи и проблеми.  Денес ја имаме и прва убава вест, се роди првото бебе. Честитки за родителите, за медицинскиот персонал, да имаме што повеќе  породувања оваа година во нашата болница. Оваа можност ја промовирам и нова мерка, која ја усвои Советот, и со која секое новороденче, добива парична помош од три илјади денари. Тоа се однесува со родители со адреса на живеење во Општина Велес, без оглед каде е породена мајката на подрачјето нa Република Македонија“ -  кажа Колев.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »