речник контакт

Првото бебе годинава, девојче

И второто бебе родено во 2016-та е женско

Петар Печков

На акушерското  одделение од Велешката болница, утрово,  на 2-ри  јануари се роди првото бебе во 2016-тата година. Тоа е девојче, втора рожба на семејството Кадриеви од Горно Јаболчиште.   Мајката Фатима  (28 год) му дала име на бебето Исра а таа и таткото Кадри имаат и година и пол ќерка Амелија.  Според директорот на болницата гинекологот  д-р Атанас Василев, бебето се родило во 8,15 ч. породувањето било нормално.  Градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев на првороденото бебе, во името на Општината подари штедна книшка  од 12 илјади денари а од семејството Чадиеви подароци за мајката  и бебето. И второто родено  бебе во велешката болница годинава е женско, на семејството Асанови, кое пак е трето родено во семејството. 

Лани во велешката Болница се  родени 815 за нешто повеќе од 2014- кога имаше 739 родени бебиња,  но во акушерското одделение доаѓаат родилки од  доаѓаат од Неготино, Гевгелија, Кавадарци, Свети Николе..

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »