речник контакт

Првото новороденче во Велес во 2022 е Марија (фото)

Родено е во 5 минути по полноќ, набргу се родило и второто Ерина, исто така девојче

Петар Печков

Првото бебе во Велес  се роди на акушерското одделине нешто по полноќ. Тоа  е девојче. набргу потоа се родило уште едно, исто така женско. Оваа вест веднаш по полноќ ја објави ТрМр, денес и деталите за убавата и радосна новина.

Првото новороденче е Марија  рожба на Стефани Тасевски (23 годни) и таткото Христијан.

Второто бебе е Ерина   од мајката Меирем Муртезани (20 години) и таткото Хуса,  е второ нивно дете, првото е машко -Тарик.  

 „Ова беше пријатно изненадување. По повеќе години, се роди бебе, веднаш доаѓањето на новата година, во првиот ден. Претходните за жал се чекаше со денови за ваква убава вест. Им посакав добро здравје, бебето да се добро. Имаме две девојчиња, велат дека годината ќе била бериќетна.  на жителите на Општина Велес им посакувам среќна нова 2022 година,  со желба за здравје, среќа, успех, напредок, единство сплотеност“ - рече градоначалникот Марко Колев, кој ги посети бебињата и нивните мајки.

Тој на првото новороденче му подари штедна книшка со 15 илјади денари, претходно висината беше 12 илјади денари. И за двете бебиња имаше подароци а Колев нагласи,дека сакал  и двете бебиња да бидат наградени, но бидејќи денес е неработен ден биле ограничени во можноста за подарок за второто новороденче.


Двете мајки- родилки ги породил гинеколог примариус д-р Атанас Василев.

„Првото бебе е женско, како и второто. Првото бебе е родено во пет минути по полноќ тешко 3,3 кг а второ  во 12, 14 минути, тешко е 4,1 кг. Со мојот 40 години од дипломирањето и 35 години работа на ова одделение, и искуство што го има,знам што беше потребно на градот.  Овие пациентки требаше да се породат денес, на 1-ви јануари, се беше така темпирано. Но се појави итен случај во пет минути пред полноќ, спонтан абортус. Ако не беше тој бебињата ќе се родеа веднаш по полноќ, во една минута во новата година“ - кажа д-р Василев.

Примариус д-р Лидија Панчевска како дежурен  педијатар по породувањата на бебињата,  ја оцени  нивната здравствена состојбата   дека се во добра состојба, здрави со добра тежина и добра оценка.  

Годинава на акушерското одделение се родиле 396 бебиња , тоа е за  16 помалку до 2020-та. Трендот на намалување е присутен години наназад, во 2019-тата биле  родени 473 новороденчиња, во 2018-та имало 505,  во 2017-та во велешката болница се родиле 649 бебиња а во 2016-та 651 бебе. На ова одделение  се породуваат родилки освен од Велес и од соседните помали општини Чашка, Градско и Лозово но  и од  Свети Николе.

Доктор Василев кажа дека кога дошол на ова одделение пред 35 години, помни дека имало по 1,4 илјади породувања во текот на годината. Акушерското одделение се судрува со проблем со акушерки. Моментално таму имало пет вработени, но четири за некое време ќе заминат во пензија и ќе останеле само една.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »