Петар Печков
Објавено: среда, 09 ноември 2016
Само екипата на Борец 1919 во осмото коло на Третата лига Југ имаше успешен настап oд велешките екип. На гостувањето во Удово, против Младост забележаа победа од 6:3 и се искачија на првото место на табелата со 22 бодови со подобра гол разлика од Победа Валандово, додека Кожуф е трет со натпревар помалку.
Валандовчани во дербито на колото го совладаа Превалец како гости со 2:1 и превалчани загубија чекор во борбата за врвот, сега е петти со 16 бодови. Разочарувачко реми дома 1:1 одигра екипата на Гемиџии која има цел за висок пласман. Тие сега се осми со 11 бодови.
Во наредното деветто коло Борец 1919 дома игра со претпоследно пласираниот тим на Росоман 83, Превалец гостува Зорбас Победа во Миравци кој е 11-ти со 8 бода и Гемиџии гостуваат во Прилеп на 11-ти Октомври кој е последно пласиран.
Се одигра и деветтото коло на Општинската фудбалска лига, постигнати се следните резултати:
Интернационал - Форца нова 1:6
Бирлик – Младост 2:2
Илинден БС – Мак. Сонце 4:0
Мартолци –Бабуна 0:3
Башкими - Тополка 2:2
Слободна екипата на Горски
Т А Б Е Л А
1. Бабуна 8 7 0 1 31:7 21
2. Илинден БС 8 7 0 1 24:6 21
3. Македонско сонце 9 6 0 3 32:16 18
4. Мартолци 8 5 1 2 27:17 16
5. Башкими 9 4 1 4 18:18 13
6. Форца Нова 8 4 0 4 17:15 12
7. Бирлик 8 3 1 4 22:26 10
8. Младост 8 2 3 3 11:15 9
9. Тополка 9 2 1 5 13:22 7
10. Горски 8 1 1 6 11:28 4
11. Интернационал 8 0 0 8 7:43 0
Наредно коло:
Младост – Илинден БС
Форца нова – Мартолци
Горски – Башкими
Бабуна - Бирлик
Тополка – Интернационал
екипата на Мак. Сонце слободна
Tweet |