Петар Печков
Објавено: петок, 13 мај 2016
Ракометарите на Борец се поразени во шестото коло од разигрувањето за опстанок. Вчеравечер во Радовиш од истоимената екипа загубија со 30:24, (13:11). Со ова шансите да се избегне постојното петто место се минимални, а со тоа извесен е баражот со второпласираниот од Првата лига, за опстанок во ова конкуренција. Најефикасен во редовите на велешани бил Анастасовски со 6 гола додека кај домаќините Блажевски со 10. Во наредното коло Борец дома го печекува битолски Пелистер.
Екипата на Превалец е освојувач на општинскиот фудбалски куп, откако во финалето ја победија екипата на Борец 1919 со подобро изведување на пенали 5:3, во регуларните 90 минути натпреварот заврши нерешено1:1.
Се одигра и 22-то коло на Општинската фудбалска лига, повторно со многу голови
Младост - Илинден БС 1:3
Тополка - Форца нова 0:5
Мак.сонце -Горски 4:4
Мартолци -Интернационал 6:4
Башкими - Бабуна ќе се игра в среда на 18 мај во 17ч. во Чашка
слободни: Гемиџии и Бирлик
Т А Б Е Л А
1. Бабуна 18 18 0 0 94:16 54
2. Гемиџии 19 16 1 2 74:25 49
3.Илинден БС 19 14 1 4 59:25 43
4.Форца нова 20 9 2 9 49:30 28
5. Македонско сонце 20 6 5 9 37:61 23
6.Тополка 19 7 2 10 33:28 22
7. Мартолци 07 19 5 5 9 37:54 20
8.Горски 18 6 2 10 26:43 20
9.Бирлик 18 6 1 11 23:62 19
10.Башкими 18 4 4 10 37:52 16
11.Младост 19 4 3 12 25:52 15
12. Интернационал 18 3 1 14 28:64 10
следно 23 коло
Интернационал - Мак.сонце 14ч. недела Градски
Горски - Бирлик 11ч.недела Раштани
Бабуна - Младост 14ч.сабота Градски
Форца Нова - Башкими 16ч.недела Градски
Илинден БС -Гемиџии 17ч.недела Б.село
Tweet |