речник контакт

Превалец се поврза со Велес со тротоар

Тротоарот е во должина од 650 м.

Петар Печков

Заврши изградбата на тротоарот кој ги поврзува населбата Превалец и Велес. Тој е во должина од 650 а широчина од 1,5 метри.  Станува збор јавна површина која досега не беше уредена, а жителите ја користеа во секојдневната комуникација со градот.

Со нејзиното уредување и изградба на тротоар значително ќе се зголеми сигурноста во движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот на оваа делница.

Многумина жители ја користеа оваа патека, во различни делови од денот и добро е што се изгради тротоар. Но беше несигурно и небезбедно. Така сега се чувствуваме и побезбедни и ние и нашите деца, кои доаѓаат од училиште или за различни потреби  одиме до градот. Добро е што оваа делница е осветлена – велат жителите на Превалец.

Така за околу 1.200 жители е  решен еден проблем, кој се провлекуваше со децении. Средствата  за изградбата во висина од околу 1.800.000 денари се обезбедени од Буџетот на Општина Велес. Тротоарот е изграден зафаќајќи од банкините на просторот, не од улицата, која остана со иста широчина.

Возачите пак потсетуваат сообраќајните знаци пред железничкиот премин да се постават и вградат а не да бидат  потпрени колку да ги има. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »